И Сорос шутна во голот на „дриблерот“ Груби

news
Advertisement

Груби пред една недела беше во центарот на вниманието откако на својот фејсбук-профил објави фотографии на кои тој и неговите сопартијци од ДУИ играат кошарка и фудбал во неговиот кабинет во Министерството за политички систем
Откако вицепремиерот Артан Груби објави фотографии со неговите партиски колеги како играат фудбал и кошарка во неговиот кабинет, по што следеа низа реакции во јавноста, вчера, на неговиот фејсбук-профил осамнаа нови фотографии од играње фудбал. Овојпат, „голгетер“ е синот на Џорџ Сорос, Александар Сорос. „Пријателски разговор околу актуелната политичка ситуација, европската перспектива на земјата и целиот регион со американскиот филантроп и претседател на Фондацијата „Отворено општество“, г. Александар Сорос“,

Advertisement

напиша Груби на Фејсбук.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.