„Настана паника во скопската ЗОО, сите деца се евакуираа“: Чомбе раскажува за моментот кога крокодилот избегал од живеалиштето во ЗОО Скопје

„Настана паника во скопската ЗОО, сите деца се евакуираа“: Чомбе раскажува за моментот кога крокодилот избегал од живеалиштето во ЗОО Скопје

news
Advertisement

Advertisement

Поранешниот директор на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски – Чомбе во Подкаст на телевизија Сител раскажува за несекојдневна случка која се случила пред шест години во скопската ЗОО, непосредно откако тој беше назначен за нов директор од страна на поранешниот скопски градоначалник, Петре Шилегов. Запрашан дали е вистина дека крокодилот избегал од скопската ЗОО и какво било тоа бегство, Галетановски вели: – Беше работен ден, вторник, ми заѕвоне телефонот, сега зборувам за крокодилот. Почеток на мандат, си го колнев денот кога прифатив да бидам директор. Одам на работа, гледам зоолошката не работи, затворена. Влегувам, вработените акција спроведуваат за наоѓање на Ганчо, не можат да го најдат, го нема во живеалиште, паника голема е, ги евакуираа сите деца. Додека ги евакуираа не знаеш од која грмушка ќе излезе, не дај Боже многу сериозна специфична врста на животни се, ако е најаден он може цел ден да седиш до него, ако е најаден не ти прави ништо, ако е гладен, не дај Боже.

Advertisement