НАТО започна со редовните нуклеарни вежби

news
Advertisement

Во вежбата „Постојано пладне“ учествуваат до 60 авиони, вклучително и борбени авиони и оние за надзор и полнење гориво, како и американските бомбардери со долг дострел Б-52 кои ќе пристигнат од Северна Дакота, соопшти НАТО.

Advertisement

Вежбата се одржува над домаќинот Белгија, Северното Море и Велика Британија, а не се користи боева муниција, нагласиле од НАТО. „Постојано напладне“ е „рутинска годишна вежба која не е поврзана со актуелните светски настани“, стои во соопштението на Алијансата.

Секоја година домаќин е различна членка на НАТО, објасни портпаролот Оанан Лунгеску. „Оваа вежба помага да се осигура дека нуклеарното одвраќање на алијансата останува безбедно и ефективно“, рече Лунгеску. Според правилата на НАТО за нуклеарно оружје, американските бомби стационирани во Европа во вонредни случаи можат да ги користат и сојузничките авиони.

САД имаат нуклеарни бомби стационирани во Белгија, Турција, Холандија и Германија, пишува агенцијата DPA, нагласувајќи дека тоа е неофицијална информација, која што од НАТО не ја потврдиле.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.