Нацевски: Светот го има Верди, а ние „патриотски војводи-глуперди“!

news
Advertisement

„Партијата на Љубчо Георгиевски, „забравам ѝ името’, трескавично ја почна предизборната кампања со полна капа ‘патриотика’. Светот го има Верди, а ние колку сакаш глуперди!“ – со оваа жестока реакција се огласи новинарот Бошко Нацевски во врска со кампањата во пресрет на годинашниве избори на партијата ВМРО НП на Љупчо Георгиевски насловена како „Слушај македонска музика, одбрани го македонскиот идентитет“, најавена на 28 декември минатата година.

Advertisement

Низ Скопје веќе се поставени билборди на ВМРО-Народна партија со ваква порака. Оваа партија се огласи на споменатиот датум со свое писмено соопштение до медиумите, во кое е наведено дека „македонската песна како еден од главните симболи на идентитетот на секој народ е целосно истисната и отстранета“. „Загрижени поради целосната културна доминација на поранешниот југословенски простор“, од ВМРО НП порачаа дека „затоа започнуваат со кампањата ‘Слушај македонска музика – одбрани го Македонскиот идентитет’, со цел да ги разбуди македонските елити, кои се чувствуваат одговорни за македонскиот народ и конечно да направат нешто конкретно за спас на македонската песна, односно симболот на македонскиот национален идентитет.“

Во својата објавата на својот фејсбук-профил новинарот Бошко Нацевски со иронија и потсмев ја коментира ваквата „патриотска загриженост“ на „војводата“ и неговите „колеги-патриоти“ од ВМРО НП: „Само македонска песна, мариовска гајда, кавал, зурли, тапани и тарабуки. Туѓо, посебно српско, во Македонија, според партиската програма на војводата, ни под разно. Ама никако.“

„Ниту нота од Верди, Моцарт, Шопен, ниту од Чајковски не смеат да припарат преку нашата граница. Има ли кантар што мери колку тежи глупоста?! Светот го има Верди, а ние колку сакаш глуперди!“

Колку за потсетување, наспроти сегашната „патриотска загриженост“ на Љупчо Георгиевски за македонскиот национален идентитет, кон крајот на февруари тој се огласи со скандалозни бугарофилски „осум предлог-точки за решавање на споровите со Бугарија“, во кои, покрај другото тогаш изнесе: „Македонија да даде гаранција дека нема никаква аспирација за Пиринска Македонија и оти со ништо нема да ги помага и да ги поддржува организациите, кои бараат македонско малцинство во Бугарија. Парламентот да донесе декларација, во која ќе изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944 година. Да се избришат оние содржини во учебниците, за кои бугарската страна ќе оцени дека се навредливи, а нова мешовита комисија за историски прашања комисија да работи на прогонот и убиствата на Македонци со бугарска национална свест. Македонската историографија да ги потполни важните биографски моменти на важни личности, на пример дека Гоце, Даме, Ѓорче и стотици други биле учители на бугарската егзархија.“

ИЗВОР. https://www.expres.mk/nacevski-svetot-go-ima-verdi-a-nie-patriotski-vojvodi-gluperdi/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.