Стари проблеми во здравството и нови ветувања за решенија испорача новиот министер Фатмир Меџити

news
Advertisement

Нови ветувања за старите и долгогодишни проблеми. Вториот министер за здравство во само две години, овојпат од редовите на Алијанса, за првпат се појави пред камерите, откако беше избран на функцијата. Веднаш ги наброи своите приоритети, но дел од старите, но, сепак, големи проблеми на здравството сѐ уште ќе почекаат на решавање, а јавноста за одговори.

Advertisement

Меџити на стартот не сакаше да открие колкава сума ќе треба да плати државата како отштета, по спорот со италијанската проектантска фирма која требаше да го гради новиот Клинички. Се споменуваа суми во милиони евра, износ за кој адвокатите ангажирани од Министерството се обидуваа да издејствуваат значително да се намали. Сепак, други проблеми се таргетирани како цел за брзо решавање.

„Прво за решавање ќе биде сообраќајниот хаос на Клинички центар. Се консултираме со сите институции, со сите засегнати страни и мислиме во најбрз можен рок тоа да го решиме. Како второ, да ја ажурираме и да ја промениме позитивната листа на лекови која не е променета над десет години и за тоа ќе имаме посебен фокус и ќе ги разгледаме сите законски, подзаконски акти и правилници и сѐ што треба за да може истата да се ажурира“, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.

Додека дилеми и прашалници остануваат да висат над капиталниот проект нов Клинички центар, министерот за здравство Меџити испорача ветување за изградба на нов Ургентен интернистички тријажен центар. Локациите допрва се разгледуваат и размислуваат.

Пред оваа прва негова прес-конференција, новиот министер Меџити веќе имаше активности. Се фотографира и активен е неговиот ПР-тим на социјалните мрежи, а вчера во кабинетот ги прими и претставниците на Синдикатот и им вети поголеми плати и прифатени барања за кои тие преговараат, нешто што и денес го повтори пред камерите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.