Груби не гледа ништо спорно за спортувањето во канцеларија, реакциите биле хистерични

news
Advertisement

Многу од скопските градинки се соочуваат со сериозни проблеми со недостаток на простор поради што две дечиња се принудени да спијат во еден кревет.

Advertisement

Но, таков проблем нема вицепремиерот Артан Груби чија канцеларија е доволно голема не само за дневните состаноци туку за во неа да се игра и фудбал. По крајот на зимскиот преоден рок и комплетирањето на владината реконструкција првиот тим на ДУИ истрча на скапиот паркет платен од парите на граѓаните. Селекторот Груби вели, нема ништо спорно, бидејќи во земјава немало амбасадор кој не се пробал на неговите голови

И за премиерот нема ништо спорно. Вели, кој што сака може да си прави во својата канцеларија, веројатно заборавајќи дека канцеларијата во Министерството за политички систем не е на Груби, туку на граѓаните

Ова не е прв скандал во една од најскапите македонски канцеларии. Во екот на корона кризата кога не носењето на заштитни маски беше забрането, Груби на истиот паркет на кој што вчера играше фудбал, тогаш му го славеше роденденот на Али Ахмети кој пак во истата канцеларија неодамна имаше и краток музички настап

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.