Најамлку седум војници убиени во бомбашки напад во северозападен Пакистан

news
Advertisement

Бомбаши-самоубијци со автомобил полн со експлозив денеска удриле во пакистански воен контролен пункт, убивајќи најмалку седум војници, соопштија властите во Пакистан.

Advertisement

Нападот се случил во северозападниот пакистански регион Северен Вазиристан во близина на границата со Авганистан, кој долго време служеше како штаб на исламистичките милитанти поврзани со Ал Каеда и нивните сојузници Талибанците, пренесува ДПА.

Во оружената пресметка што следела по бомбашкиот напад, убиени се најмалку шест напаѓачи

Пакистанаската армија соопшти дека бомбаш самоубиец прво се разнел на влезот на контролниот пункт пред друг да удри во капијата со автомобил.

Досега ниту една милитантна група не ја презеде одговорноста за нападот.

Северозападниот регион на Пакистан што ја дели границата со Авганистан бележи постојан пораст на насилството предизвикано од милитантите откако авганистанските талибанци го презедоа Авганистан во 2021 година.

Повеќе од 80.000 Пакистанци се убиени во бомбашки напади извршени од исламистички милитанти, од нападите во САД на 11 септември во 2001 година./МИА

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.