Голем број родители и денеска ги донесоа децата на вакциниација си Ди Те Пер

news
Advertisement

Родителите и денеска растрчани по вакциналните пунктови за да ги вакцинираат своите деца со Ди Те Пер вакцината.

Advertisement

Иако последниве денови е намален, сепак интересот за целосна имунизација на дечињата и натаму го има, велат докторите.

Доктор Бети Гејлечевска Илкоска од вакцниалниот пункт Букурешт вели најголем е бројот на дечиња кои изминативе денови се носат на ревакцина. Но, вели загрижува фактот што изминатиов период, имало и слуачеви на дечиња на возраст од 4, 5 години, кои досега воопшто не биле вакцинирани, па кај нив допрва почнува процесот на имунизација. Докторите апелираат родителите навреме да ги вакцинираат совите деца.

„Изаминатава недела интересот беше зголемен за вакцинација со Ди Те Пер вакцина. Последниве денови е поднамален, но исто така се уште е голем бројот на дечиња кои што доаѓаат да се вакцинираат.“- Бети Гејлечевска Илкоска – доктор во вакциналниот пункт „Букурешт“

Според лекарите загрижува и фактот што опфатот на вакцинирани деца со МРП вакцината во земјава и натаму е мал. Апелираат, за да не ни се повтори епидамијата со морбили од пред некоја година, децата редовно да се вакцинираат и против морбили.

„Акцентот повеќе е ставен на оваа Ди Те Пер вакцина. Но јас апелирам до родителите и ги повикувам родтиелите, да ги донесат, да ги вакцинираат своите и со МРП вакцината за да не ни се повтори епидемијата од 2018 – 2019 година…“ -Бети Гејлечевска Илкоска – доктор во вакциналниот пункт „Букурешт“

Согласно последната препорака на комисијата за заразни болести, од понеделник децата со три примени дози вакцина ДиТеПер во последните шест месеци ќе бидат примени во градинките, но во наредните шест детето да се ревакцинира. Дополнително на родителите им порачаа и да не ја пропушатаат вакцината за МРП.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.