Најбогатата земја на светот ни со пари не може да го купи тоа што ние го фрламе: Нема да ви се верува како се живее во Катар

news
Advertisement

Катар се наоѓа во Југозападна Азија и важи за една од најбогатите држави на светот

Advertisement

Светското првенство во фудбал оваа година се одигрува во Катар, па затоа оваа земја ни стана многу интересна.

Денес ви откриваме занимливости поврзани со државата Катар:

1. Катар е опкружен со пустина. Односно, оваа држава е создадена во пустина, поради што немаат слатка вода, па мораат да дестилираат морска за да имаат вода за пиење. Поради тоа, чистата вода е најскапиот пијалак во Катар.

2. Власта е во рацете на емиратите и тоа со децении. Овде владее апсолутна монархија, а куќата Тани владее со Катар од 1868 година, по завршувањето на катарско-бахренската војна. Сегашниот емир е Тамим бин Хамад ал Танин, кој владее со земјата од 2013 година. А неговата мајка Моза, втората жена на шеикот Хамад, веројатно е најбогатата жена на светот.

3. 99% од жителите на Катар се граѓани на Доха. Според статистиката, 9 од 10 жители на Катар, живеат во Доха.

4. Сета храна во Катар се увезува од други земји, бидејќи тие немаат обработливи површини.

5. Алкохолот е забранет во Катар.

6. Катар е втората најбезбедна земја во светот. Катар има втора најниска стапка на криминал во светот, веднаш по Абу Даби.

7. Бројот на мажи е значително поголем од бројот на жени, на секои тројца мажи има по една жена.

8. Катар е една од најбогатите земји во светот. Голем дел од богатството потекнува од нафтата и природниот гас, кои сочинуваат повеќе од 60 отсто од БДП. Неколку години по ред, Катар е првата земја во светот во однос на бруто домашниот производ по глава на жител. На листата е пред Луксембург, Сингапур, Брунеј. Звучи нереално, но пред само 70 години, ова било едно од најсиромашните земји на планетата. Жителите на Катар, кој тогаш бил британски протекторат, живееле од риболов и продажба на бисерни школки.

9. Кон крајот на 1930-тите во малото место Духан, на западот од земјата, се појавила нафтата. Катар почнал да му ја продава на светот и оттогаш повеќе ништо не било исто. Меѓутоа, вистинскиот развој почнал во 1970-тите години. Катар во 1971 година добил независност од Велика Британија, а тие години во Персиските залив било откриено најголемото поединечно наоѓалиште на природен гас во светот. Енергентот што некогаш се сметал за речиси безвреден, прекуноќ ја трансформирал земјата и го направил од Катар тоа што го гледаме денес.

10. Во последните две децении, членовите на владејачкото семејство Ал Тани вложиле многу пари во уметноста и културата. Катар денес е еден од најголемите купувачи на уметнички дела во светот. Речиси 10.000 експонати од целиот исламски свет се наоѓаат во Музејот на исламска уметност, зграда сместена на вештачки полуостров која гледа на модерната Доха. Покрај влијанијата од исламот, врз животот во Катар значително влијаела и бедуинската, номадска култура. Во поглед на историјата, Катарците најмногу го слават националниот празник на 18 декември. На тој ден во 1878 година, шеикот Џасим бин Мухамед ал Тани, основачот на модерен Катар, успеал да ги обедини локалните катарски племиња.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.