Најтажната принцеза се појави во јавноста по подолг период: Сите го забележале нејзиниот празен и замислен поглед

news
Advertisement

Принцезата Шарлин по подолго време се појави во јавноста со сопругот, принцот Алберт од Монако и нивните две деца.

Advertisement

Нејзиниот тажен и замислен израз на лицето повторно загрижи многумина. На еден од највеселите настани во Монако, наречен „Monaco Picnic“, принцезата се појавила во друштво на својот 20 години постар сопруг и нивните близнаци.
Шарлин за оваа пригода одбрала впечатлива бела туника со чипка и висок околувратник, во комбинација со панталони, дело на јужноафриканскиот дизајнер Теренс Бреј.
Меѓутоа, иако таа се трудела да биде насмеана додека нешто ѝ објаснувала на 7-годишната ќерка Габриела, камерите ја фатиле како со сериозен израз на лицето и празен поглед гледа во една точка, што повторно поттикна шпекулации за брачните проблеми со принцот Алберт.

Во оваа пригода близнаците ги покажале и своите фризури, за кои е заслужна принцезата Габриела, која во пресрет на почетокот на училиштето се потстрижала себеси, но и својот брат.

Шарлин претходно на Инстаграм објави фотографии од близнаците и нивните нови фризури.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.