Најубавата жена во светот сака да го остави сопругот поради неговата кариера

news
Advertisement

Извори блиски до Жизел Бундшен неодамна рекоа дека манекенката неколку пати му се има закането со развод на сопругот поради неговата фудбалска кариера.

Advertisement

Бразилската манекенка Жизел Бундшен се консултираше со адвокат за развод од сопругот Том Брејди уште во 2015 година, откриваат извори блиски до брачната двојка. Дури и неколку пати се разделија во текот на годините пред жестоко да се скараат во август, годинава.

„Том и Жизел се пред развод, таа веќе неколку пати му се закани со развод поради неговата фудбалска кариера“, велат нивни блиски извори за таблоидот TMZ.

Брејди повторно се придружи на тимот на Тампа Беј во март, само шест недели откако најави дека ќе се пензионира. Но, изгледа дека се ближи крајот на бракот бидејќи и двајцата ангажирале бракоразводни адвокати на Флорида каде живеат и најверојатно ќе поднесат барање за развод

Се верува дека сега ги средуваат финансиите. Брејди наводно „тежи“ 250 милиони долари, додека Жизел беше најдобро платената манекенка во светот од 2002 година до 2016 година.

Се венчаа во 2009 година и заедно имаат две деца на возраст од 12 и 9 години, додека Брејди има и 15-годишен син од претходна врска.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.