На која возраст на децата најтешко им паѓа разводот на родителите?

news
Advertisement

Разводот е секогаш тежок, кога и да се случи, за целото семејство. Кога детето ќе ги види своите родители како се разделуваат, тоа е веројатно една од најголемите трауми што ќе ги доживее.
Младите умови штотуку учат за љубовта, емоциите и приврзаноста и тешко се справуваат со концептот на разделба.
Ненадејниот недостаток на контакт и комуникација помеѓу родителите, чувството на јаз кој владее помеѓу родителите и болката да се биде самохран родител, се само дел од аспектите на разводот низ кои поминува детето. А, токму за тие работи не се зборува често ниту за нив се води сметка.
Експертите велат дека децата почнуваат да доживуваат емоции по третата година од животот. Детето тогаш развива подобри когнитивни способности, а ако на таа возраст биде изложено на расправии, кавги или вербално и физичко малтретирање, тоа ќе остави длабока трага врз него.
Разводите никогаш не се планираат, туку тие се случуваат поради нескладни односи. Разводот се случува кога парот нема друга опција.

Психолозите велат дека потенцијалот за емоционална траума предизвикана од развод ги погодува децата од сите возрасти, но најмногу оние на возраст од три до 15 години.
„Кога детето ќе помине низ пубертетот, постојат повеќе можности да го прифати и разбере разводот“, вели детскиот психолог д-р Скот Керол.
Многу постари веруваат дека малото дете нема на ништо да се сеќава, но тоа е лажна претпоставка. Дете на возраст од три до пет години може да има многу прашања во главата. Ќе го интересира зошто си заминал едниот родител, дали поради него, дали татко му или мајка му го сакаат. Прашањата што си ги поставуваат децата остануваат врежани во умот долго време.

young lovely children was bored at home

Од шестата до 12-тата година од животот децата почнуваат да поставуваат прашања и се љубопитни. Децата на оваа возраст често стануваат дел од расправиите меѓу нивните родители.
На децата во пубертет им е особено тешко да го балансираат своето расположение. Детето тогаш е чувствително на сè, а расправиите меѓу родителите или дури разводот може да доведат до депресија. Совет на психологот е дека, ако до развод мора да дојде, да се погрижите тоа да влијае што помалку на вашето дете. Објаснете му зошто е неопходен овој чекор. Доколку е потребно, консултирајте се со експерт за помош.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.