Advertisement
Како никогаш досега државата има силна меѓународна поддршка за членство во ЕУ со признаен македонски јазик и идентитет, вели СДСМ.
Advertisement
„Последен доказ за тоа е Резолуцијата усвоена во германскиот Бундестаг.
Земјава има историска шанса за продолжување на европскиот пат и остварување уште една стратешка цел: членство во ЕУ.
СДСМ покажа државнички капацитет и подаде рака за дијалог.
Мицкоски и ДПМНЕ променија став, веќе не се против уставни измени, прифаќаат учество во заедничка Влада и признаваат легитимитет на Собранието да ги донесе уставните измени.
Сега на Мицкоски и опозициската ДПМНЕ е да покажат дали се интеграција во ЕУ.
На опозицијата е да избере , дали ќе се остане на ставот и ќе продолжи дијалогот“, се вели во соопштението.
Advertisement