Почнува летото

news
Advertisement

Денес е летната долгоденица, која го претставува најдолгиот ден во годината и го означува почетокот на летото. Летото почнува денес во 16 часот и 57 минути, а ќе трае до 23 септември. Во исто време на Јужната хемисфера почнува зимата.

Advertisement

Сонцето го прави својот најголем лак над хоризонтот. Изгрева на североисток, на југ ја достигнува најголемата дневна висина, а заоѓа на северозапад. Почетокот на летото не се случува секогаш во ист ден. Летото може да започне помеѓу 20 и 22 јуни, во зависност од тоа кога Сонцето ќе ја достигне највисоката точка. Првиот ден од летото е често ден со најмногу сончева светлина бидејќи сончевите зраци ја погодуваат земјата под директен агол.

Во Скопје, Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути.

На првиот ден од летото, синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.