Уапсени 12 лица за уривањето на зградите во Турција

news
Advertisement

Турската полиција уапси 12 лица поради урнатите згради во југоисточните провинции Газиантеп и Шанлиурфа по силниот земјотрес што ја погоди Турција, објавија локалните медиуми.

Advertisement

Најмалку 6.000 згради се урнаа по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, при што загинаа повеќе од 25.000 луѓе и предизвика бес поради неквалитетната градба, објави новинската агенција Франс прес.

– Advertisements –

Се очекуваат нови апсења откако јавниот обвинител во Дијарбакир, една од 10-те југоисточни провинции погодени од земјотресот, денеска издаде налози за апсење на 29 лица, објави државната новинска агенција.

Еден од уапсените во саботата бил градежен изведувач во Газиантеп, соопшти агенцијата, додавајќи дека бил пронајден од полицијата во Истанбул.

Обвинителите покренаа неколку истраги во провинциите, вклучувајќи го и Кахраманмараш, каде што е областа Пазарџик, кој беше епицентарот на земјотресот.

Турското Министерство за правда им нареди на обвинителите во 10 провинции да формираат специјални „канцеларии за истраги за криминал поврзани со земјотреси“.

Во петокот турската полиција го уапси изведувачот на високата луксузна станбена зграда што се урна во провинцијата Хатај. Тој бил уапсен на аеродромот во Истанбул, наводно додека се обидувал да побегне од земјата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.