На телото на пронајдениот мртов 34-годишен маж, како што соопштуваат од ОЈО Велес, немало траги на насилство

news
Advertisement

Човечки труп на 34-годишен маж денеска е најден под Железниот мост во населбата Дворови во Велес, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.

Advertisement

Полициски екипи извршиле увид на местото, а била повикана и Итна медицинска помош.
Според првичните информации од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес, на местото на настанот била јавната обвинителка Анастасија Миланова. На телото на пронајдениот мртов 34-годишен маж, како што соопштуваат од ОЈО Велес, немало траги на насилство.

„Станува збор за велешанец роден 1990 година, а неговото тело лежело на земјена површина под мостот на скоро средина од должината на железната конструкција. Во првичните информации можам само да соопштам дека на телото на 34-годишниот маж нема траги на насилство ниту убодни рани“,

вели Цветанка Богоевска, основен јавен обвинител за подрачјето на Велес во изјава за МИА.
Таа додава дека биле земени примероци од дополнителни траги на местото на настанот, како и друг вид материјал што ќе биде испратен во Одделот за форензички испитувања на Министерството за внатрешни работи во Скопје.

„Обвинителката Миланова веќе побара телото на починатиот маж да биде испратено на обдукција во Институт за судска медицина во Скопје“,
додава Богоевска.
Инаку, на Обвинителството во Велес му е познат идентитетот на мртвиот велешанец.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.