Невозможно е над 40 градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ да имаат „нула резултати за 2 години“

news
Advertisement

Уште едно тврдење на Каевски на прес-конференцијата е дискутабилно – поскапувањата на даночните приходи и до 300 отсто во некои општини за данокот на имот е оправдано и поддржано и од централната власт, која што впрочем уште во 2020 година пристапи кон измена на Законот за даноци на имот

Advertisement

И теоретски е невозможно во над половина од општините во Северна Македонија, кои ѝ припаднаа на ВМРО-ДПМНЕ по последните избори, да не се случувало ништо. Може да се зборува и да се има аргументи дека некаде потфрлиле, како што пратеникот Каевски го набројува специфичниот пример со Град Скопје, но да се тврди дека сите општински власти на ВМРО-ДПМНЕ покажале нула резултати е невистина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Пратеникот и портпарол од СДСМ, Дарко Каевски одржа прес-конференција на тема локална самоуправа предводена од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, при што може да се констатира изјава во која има невистина:

Изјава: 2 години локална власт – 0 резултати, ДПМНЕ ги изневери граѓаните и не ја оправда довербата којашто ја доби на локалните избори.

Градоначалниците на ДПМНЕ во над 40 општини не ги остварија изборните ветувања. Напротив, она што го ветуваа пред граѓаните кога им ја бараа довербата не го реализираа.

Нема проекти, нема развој, нема резултати. Една голема НУЛА!

Дополнително во општините под капа на ДПМНЕ граѓаните плаќаат поголеми сметки.

Речиси и да нема градоначалник од оваа партија којшто не ги зголемил цените за данок на имот и до 300 %, за ѓубретарина, вода, комунални услуги…

Извор: https://meta.mk/nevozmozhno-e-nad-40-gradonachalnici-na-vmro-dpmne-da-imaat-nula-rezultati-za-2-godini/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.