Нема парно во детската болница „Козле“: Родители се жалат – децата наместо да се лекуваат, се доразболуваат

news
Advertisement

Наместо да се лекуваат, дополнително се разболуваат. Мајки кои со своите деца лежат во детската болница „Козле“, се жалат дека со денови нема парно. Зад камера, полни со поплаки се и лекарите во болницата.

Advertisement

Екипа на Алфа беше во „Козле“. Не дочекаа студени ходници и амбуланти, но и ветување од менаџментот дека наскоро проблемот ќе бил надминат.

Смрзнувачка во детската болница „Козле“. Пациенти се жалат дека нема греење во собите каде што лежат заедно со своите бебиња. Мајка на три месечно бебе реагира дека ова е нечовечки чин и бара овој проблем да се реши. Во изјава за Алфа вели дека во болницата повеќе се разболуваат, отколку што оздравуваат. Рече дека немало парно греење ниту во болничките соби, ниту пак во амбулантите.

-Нема парно. Веќе три дена како сме тука нема, а грејната сезона почна. Јас сум со мало бебе од три месеци и мислам дека е некоректно ова да ни се случува. Наместо да оздрави бебето, ние се доразболуваме, и мислам дека треба ова да го решат веднаш, зашто ноќите се навистина студени, реагира мајка на бебе кои се на лекување во „Козле“.

Дека детската болница „Козле“ има проблем со парното греење потврдија и од таму, но сепак не сакаа да дадат дополнителни изјави околу настанатиот проблем. Во разговор за Алфа од менаџментот рекоа дека проблемот ќе биде надминат, и сега пуштале греалки за затоплување на просториите.

-Алфа беше во детската болница „Козле“ и навистина ходниците и амбулантите беа студени, но затоа во канцелариите на надлежните беше топло, но не и во болничките соби. Дека нема парно греење во болницата реагира и персоналот, кој не сакаше јавно да зборува. Најголемо е незадоволството има кај докторите, бидејќи во некои оддели немало топла вода за да ги измијат рацете, пренесе телевизијата.

Економскиот директор во разговор за Алфа рече дека сепак температурата била поволна и дека наскоро ќе проработел системот за греење во болницата. Грејната сезона почна на 15-ти месецов и ќе трае до 15 април.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.