„Низ град со Кики„ популарната емисија за млади која ќе се емитува на 25 јануари во 15.05 на МРТ1, ќе биде во чест на 44 роденден на Тоше Проески.
Младата и талентирана водителка Кики Мукаетова, за потребите на емисијата отпатува во Крушево, направи интервју со дел од членовите на „Бендот на Тоше“ и го посети и музичкото студио на Македонската радио телевизија каде е снимен албумот на Тоше, „Божилак“.
-Емисијата е снимана во НУ „Спомен куќа на Тодор Проески“ на Гумење во Крушево. Огромна благодарност до членовите на (дел од) бендот на Тоше за интервјуто: Ана Костова – Костадиновска, Предраг Икономовски – Педо, Драган Ѓуровски – Роки и Сашко Николовски – Сале – вели Мукаетова, која на јавноста и е позната и како пејачка.
За целите на емисијата, препеани се две песни од Тоше: „Тајно моја“ и „Усни на усни“ во изведба на Кики Мукаетова, Илија Јовчев и Антонија Силјановска.
-Благодарност до авторите на песните: Кармен Костова (во име на Кире Костов), Огнен Неделковски и Григор Копров. Песните се снимени во студиото на Александар Митевски- дополнува Мукаетова.
С.А.Н