“Никогаш и во ниту една земја не би поддржале пуч”, вели Вучиќ за настаните во Русија

news
Advertisement

рпскиот претседател Александар Вучиќ коментирајќи ги вчерашните настани во Русија, кажа дека Србија никогаш и во ниту една земја нема да поддржи пуч.

Advertisement

Тој вели дека не сака да зборува „кој однадвор влијаел“ на настаните во Русија, каде избувна вооружен бунт на паравоената формација „Вагнер“, но дека без сомнеж имало такво влијание.

Вучиќ оцени дека овој настан ќе има последици, „и за ситуацијата на боиштата во Украина и за внатрешно-политичката ситуација“.

„Мислам дека ова ќе има длабоки и сериозни последици“,

кажа тој во интервју за ТВ Пинк.
Денеска во Русија е мирно, а борците на Пригожин се вратени во своите бази.

Договорено е контроверзниот основач на „Вагнер“ да оди во Белорусија и кривичната постапка против него за организирање вооружен бунт да биде прекината. Нема да има кривично гонење на неговите борци кои учествувале во бунтот.

Засега не се знае каде точно се наоѓа шефот на „Вагнер“.

Пригожин повика на вооружен бунт против руското воено раководство во петокот, а вчера наутро неговите приврзаници влегоа во штабот на руската армија во градот Ростов на Дон, кој е главен центар за напади врз Украина. Неговата група потоа се упати кон Москва, но запре на 200 километри пред руската престолнина.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.