Никола Груевски: Ништо не е запленето и национализирано од мене

news
Advertisement

Ништо не е запленето и национализирано од мене, пишува на Фејсбук, екс премиерот Никола Груевски.

Advertisement

Тој даде свое видување за настаните кои се актуелни деновиве за становите. Груевски обвинува дека власта со притисоци, уцени и политички прогон натерала бизнисмени да кажат дека нивниот имот е негов или бил наменет за него.

„Двајцата иако на почетокот имаа коректни изјави кои ја отсликуваа вистината, подоцна под притисок на обвинителството ги сменија дијаметрално спротивни изјавите и за возврат добија симболични казни, а третиот имаше својство на сведок кој иако уценет и под притисок кажа дека во неколку пати сме се среќавале и никогаш со мене воопшто не разговарал за станови или земјишта, а уште помалку давање или земање пари од мене, и се му кажувале други лица дека тоа наводно било наменето за мене, а тие други лица негираа пред судот, дека е тоа вистина. Не само што тврдењето дека имотот бил мој е лага, туку власта не обезбеди ниту елементарни докази за истото. Обвинителството нарача од меѓународна правна помош информации за тоа точно, кој и кому е плаќано од таа фирма во странство која купувала земјиште, и од каде и дошле приходите со кои инвестирала. Се извршија и други проверки на македонските фирми. Ниту една трансакција за плаќање од моја страна, мој близок, некој што може да се поврзе со мене или Македонец, ниту пак извор од каде се тие пари кои наводно сум ги платил, ниту сведок кому сум му дал пари или од кого сум земал пари, ниту било каков документ со мој потпис, ниту било каква поврзаност со тие кои купувале, ниту пак тие кои го купувале тој имот, или оние кои го продавале, ме посочија мене дека сум побарал од нив такво нешто или сум им дал пари. Потона и онаа лажна теза дека сум земал партиски пари па со нив сум купувал и со тек на време додека траеше судењето ја напуштија, бидејќи не само што не обезбедија елементарен доказ за тоа, туку и официјални преставници на партијата од поранешното и сегашното раководство го демантираа тоа во судот“, пишува Груевски.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02ZjkRbfZ77TbHGTTbiT5XFUK9MvQQPxooGHyMsyhVKmKBXbewSXrSLwVZvxXTLfZSl&id=100044378201385&mibextid=Nif5oz

Петте станови на екс премиерот Никола Груевски се проценети на 1,9 милиони евра.

Откако Владата ќе одобри, конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски одат на продажба. Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за Радио слободна Европа.

Вели дека ако аукцијата заврши успешно, таа сума може да се врати за многу брзо време во буџетот на државата.
фото Фејсбук

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.