Новата директорката на битолската болница по двата смрттни случаи: До овој момент немаме ниту еден официјален извештај

news
Advertisement

Новата в.д. директорка на Клиничката болница во Битола, Елизабета Ивановска во интервју за МИА најавува дека нема да биде затворено ниту едно одделение во болницата и дека ќе инсистира да се вработи потребниот медицински персонал особено во оние одделенија каде има недостиг, објави Република.Во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“-Битола нема да се затвори ниту едно одделение и ќе се борам за вработување на персонал со кој непречено би работеле сите одделенија, а таму каде што состојбата е најалармантна, очекувам поддршка од целиот персонал во Болницата и секако од министерот за здравство, вели Ивановска. Најкритични, како што посочува, се Одделението за педијатрија каде има само три лекари, Одделението за неонатологија кое во моментов работи само со еден лекар, Инфективното одделение кое работи со еден лекар со полно работно време и еден лекар со скратено работно време, а критично е и во Одделението за урологија каде има само еден лекар.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.