Османи: Војната во Украина претставува закана за нашата слобода и нашите демократии

news
Advertisement

Претседавачот со ОБСЕ и Министер за надворешни работи, Бујар Османи денеска имаше свое видео-обраќање на Самитот на Кримската платформа на кој беше повторена поддршката што Организацијата за безбедност и соработка во Европа и ја дава на Украина која се соочува со руската воена агресија од 24 февруари 2022 година.

Advertisement

Како што истакна Османи, овој Самит уште една покажува сплотеност и одлучност против воената агресија на Русија.„Оваа војна претставува закана за сите нас, нашата слобода и нашите демократии. Таа претставува опасност и за нашата Организација. И покрај различните мултилатерални и билатерални напори, продолжува сериозно да ја загрозува стабилноста, човечката и севкупната безбедност на целиот регион на ОБСЕ и пошироко. Таа ги уништува животите на многу луѓе во Украина”, рече Османи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.