Нова министерска тројка од ЕУ доаѓа во земјава за уставните измени

news
Advertisement

По тројката шефови на дипломатии на Австрија, Чешка и Словачка, кои минатата недела беа во Скопје, за да лобираат за уставни измени, денеска во земјава се министрите за Европа на Германија, Франција и Полска.

Advertisement

Министерката за Европа на Сојузна Република Германија Ана Лирман, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоренс Бун и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за ЕУ на Република Полска, познати како „Вајмарска тројка“, денеска се во посета на Скопје, чиј домаќин ќе биде вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.Како што информира СЕП, денеска Маричиќ ќе одржи работен состанок со „Вајмарската тројка“, а тема на разговор ќе бидат преговорите со ЕУ, со фокус на исполнувањето на обврските и задачите кои произлегуваат од преговарачката рамка и забрзувањето на евроинтеграцискиот процес, по што ќе имаат заедничка прес-конференција.

Во рамки на посетата „Вајмарската тројка“ ќе се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски, со претседателот Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи.

Како што е најавено, утре министерка за Европа и за клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман ќе учествува на настанот на тема: „Подготовка за проширување на ЕУ“, што го организира Секретаријатот за европски прашања, во соработка со Институтот за европска политика (ЕПИ).

Министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и на Словачка, Александер Шаленберг, Јан Липавски и Мирослав Влаховски, од Скопје минатата недела порачаа дека интеграцијата во ЕУ треба да биде прашање на национален консензус и дека колку побрзо се донесат уставните измени толку побрзо земјата ќе стигне до ЕУ, додека предвремени избори би биле контрапродуктивни.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.