Новиот германски закон за оружје ќе предвиди психолошки тест за сопствениците

news
Advertisement

Берлин подготвува нов закон за построга контрола на оружјето, според кој од потенцијалните сопственици ќе се бара психолошки тест, изјави во петокот германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, по смртоносното пукање во салата на Јеховините сведоци во Хамбург. Таа спомна дека неодамнешниот бран на пукотници укажува на потребата од нов закон, пренесе Танјуг за Ројтерс.

Advertisement

Германската полиција објави дека во четвртокот вечерта во пукотницата во верскиот центар на Јеховините сведоци во Хамбург, осум лица биле убиени, додека некои биле тешко ранети. После тоа, напаѓачот, кој уби седум лица, се самоуби пред споменатиот центар, изјави во петокот сенаторот за внатрешни работи на Хамбург, Енди Грот. Брзата полициска реакција спречи уште поголема трагедија, рече Гроте, додавајќи дека напаѓачот дејствувал сам, пренесе Ројтерс.

Германскиот државен обвинител изјави дека напаѓачот е германски државјанин и имал дозвола за носење оружје.

Меѓу жртвите има четворица мажи, две жени и седуммесечно неродено дете.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.