Нови антимакедонски провокации на бугарскиот европратеник Џамбаски, овој пат од Скопје

news
Advertisement

Бугарскиот европратеник и копретседател на партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, денеска во Скопје не се воздржа од провокативната реторика поврзани со историјата и односите меѓу двете земји. Тој денеска беше во македонската метропола на одбележувањето на 95 годишнината од смртта на Мара Бунева, каде што стотина поддржувачи на нејзиниот лик и дело се собраа на Кејот на Вардар пред спомен-плочата на Бунева, каде што положија цвеќе.

Advertisement

Во обраќањето, Џамбаски меѓу другото рече дека тука се „заедно да кажеме многу јасно на владејачките србомански политички елити да ги остават македонските Бугари“, како и „да не ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната“.

„Браќа Бугари во Македонија, ние Бугарите од Бугарија сме вашиот грб и потпора, нема да ве оставиме и нема да дозволиме никој да биде спечен како да се чувствува. Нема да дозволиме наметнување на туѓ културно-историски и политички модел на Бугарите во Македонија“,, рече Џамбаски.

На одбележувањето се слушаа и повици: „Бугари јунаци“ и „Мизија, Тракија, Македонија“, што е синонимот за „Голема Бугарија“ од страна на националистичките бугарски кругови.

Во објава на Фејсбук, Џамбаски напиша „Еден народ! Две држави!“

На одбележувањето на 95-годишнината од смртта на Бунева, присустуваа и членови на бугарската Фондација „Македонија“.

Настнот помина мирно и без инциденти, а од изутрината на кејот беше забележително зголемено присуство на полицијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.