Поради „обесениот“ Ердоган, Турција не ја пушта Шведска во НАТО: Имаме вистински проблем

news
Advertisement

Турција „не е во позиција“ да го ратификува членството на Шведска во НАТО во сегашната ситуација, изјави денеска Ибрахим Калин, близок советник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, по новиот инцидент што се случи оваа недела.

Advertisement

„Не сме во позиција да го испратиме законот на ратификација во Собранието бидејќи имаме реален проблем на тој план“, рече тој и додаде дека постои опасност пратениците да го отфрлат. Анкара денеска ја осуди видео монтажата направена од група блиска до Курдистанската работничка партија (ПКК) во Шведска, на која кукла со ликот на претседателот Ердоган виси обесена за нозе и го нарекуваат „диктатор“.

https://twitter.com/ragipsoylu?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1613554566087299072%7Ctwgr%5Ed348204b9938be8749747d3992aacae668c0ecf0%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Fporadi-obeseniot-erdogan-turcija-ne-ja-pushta-shvedska-vo-nato-imame-vistinski-problem%2Fa564074

Министерството за надворешни работи го повика на разговор шведскиот амбасадор во Анкара. Последниот инцидент се случи во време кога Турција го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО, а тоа го прави од мај, обвинувајќи ја таа земја дека обезбедува засолниште на нејзина територија на членовите на Курдистанската работничка партија (ПКК) и сојузничките организации, а сите ги смета за терористички групи.

„Работиме на овој случај шест, седум месеци и не е добро Шведска да биде претставена во ова светло“, изјави Калин за новинарите од меѓународните медиуми. „Сакаме да одиме напред, но доколку ваквите инциденти продолжат, тоа само ќе го забави процесот.“

Калин смета дека Шведска треба да испрати „јасна порака“ за нејзиниот однос кон членовите на ПКК на нејзина територија.

„Тие треба, на пример, да гарантираат дека членовите на ПКК повеќе не можат да регрутираат луѓе или да собираат пари на шведска територија“, рече тој, додавајќи дека новата шведска влада презела некои важни чекори, вклучително и посетата на шведскиот премиер на Анкара набргу откако дојде на власт, како и „амандмани на уставот, што исто така е позитивен чекор“.

И покрај тоа, според него, треба да почекаме уште „шест месеци“ пред да бидат потврдени новите закони во парламентот. Калин додаде дека Турција „не бара од Шведска или Финска ништо што не е во согласност со нивниот закон“ и додаде дека тие се „многу реални“.

Турската влада повика на протерување на неколку членови на ПКК и членови на движењето Фето (акронимот што Анкара го користи за движењето на имамот и проповедник Фетула Ѓулен), обвинет за поттикнување на пучот во 2016 година.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.