Нови случаи на салмонела

news
Advertisement

Се зголемува бројот на деца кај кои е констатирано присуство на бактеријата салмонела, покажале резултатите од испитувањето од земените мостри. Денеска се евидентирани уште 6 нови случаи, со што бројката на заразени се искачи на вкупно 11. Од Центарот за јавно здравје во Кочани, велат дека кај нив на дневна основа пристигнуваат нови копрокултури за анализа од целиот регион и стравуваат дека бројот на заразени и понатаму ќе расте.

Advertisement

– Резултатите кои ги добивме утринава покажуват дека имаме уште шест нови случаи на заболени деца кои се од тој крај. Бидејќи, резултатите покажаа дека имаме поголем број на заразени деца со салмонела, анкетите ќе покажат дали има потреба да се зголеми обемот на испитување во регионот- изјави Гоце Серафимов, директор на Центар за јавно здравје-Кочани.

Епидемиолог од Центарот работи на терен, врши анкетирање и веќе утре ќе може да се потврди кој е изворот на заразата. Поради сложеноста на процесот во текот на утрешниот ден ќе излезат и конечните резултати од земените мостри од храната и кујната каде се подготвуваат оброците за дечињата од градинката „23 август’ во Берово. Резулатите од претходно направените анализи од мострите земени од вработените и од површините беа негативни на бактеријата салмонела.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.