Нов земјотрес ја погоди денес Грција (27 март), во раните вечерни часови.
Потресот бил со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓал во Јанина.
Земјотресот се случил во 19:01 часот, според Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина.
Епицентарот бил на 9 километри јужно од Агиа Киријаки, во регионот на Јанина, додека длабочината е проценета на 12,5 километри.

Потресот бил почувствуван и во регионот на Теспротија. Нема пријави за повредени или материјална штета, но меѓу жителите владеела паника.
Ова доаѓа по силниот земјотрес на 8 март во Јанина, со јачина од 5,3 степени, кој оштети постари објекти и предизвика вонредна состојба.