Нов, посилен земјотрес во Црна Гора, цел Балкан се тресе

news
Advertisement

Нов, посилен земјотрес во Црна Гора, цел Балкан се тресе

Advertisement

Посилен земјотрес е регистриран утрото на 16 март во Црна Гора, во близина на границата со Босна и Херцеговина.

Земјотресот е регистриран во 6 часот и 11 минути, а според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот бил на 27 километри североисточно од Требиње.

Според ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала.
Одделот за сеизмологија на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 14 километри. Според нивните мерења, епицентарот е регистриран на четири километри од градот Чароѓе во Црна Гора.

Триесетина последователни потреси, по силниот земјотрес во БиХ, Црна Гора и Хрватска

„Врз основа на нумеричкиот модел на промената на интензитетот со растојанието во овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не може да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје“, велат од Одделот.

Новиот земјотрес е регистриран само два дена откако земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Црна Гора и пограничната област на Босна и Херцеговина. Евидентирана е материјална штета, а земјотресот во тој момент го почувствувале и граѓаните на Босна и Херцеговина и Хрватска.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.