Многу дилеми отвори хрватскиот претседател Зоран Милановиќ откако објави дека ќе се кандидира за премиер на изборите во април

news
Advertisement

Многу дилеми отвори хрватскиот претседател Зоран Милановиќ откако објави дека ќе се кандидира за премиер на изборите во април

Advertisement

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ги закажа парламентарните избори за 17 април годинава. Откако објави и дека ќе се кандидира за премиер, отвори дилеми дали таквиот потег е уставен

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, на вчерашната прес-конференција / фото: принтскрин
Еден ден по најавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека ќе се кандидира за премиер како носител на листа на претстојните парламентарни избори во Хрватска, објавувајќи го и датумот за одржување на изборите, денеска се одржа седница на Главниот комитет на неговата Социјалдемократска партија (СДП) која е во опозиција, објави Дневник.хр. На самиот почеток воведно обраќање имаше претседателот на СДП, Пеѓа Грбин.

„Триесет и три дена од одлуката до изборите, 33 дена во кои ни претстои огромна работа на изборите кои се најважни за Хрватска од 2000 година до денес, кои од избори во демократија станаа избори за демократија бидејќи оние што здробија сè што можеа вчера се разбудија и почнаа да го бранат Уставот. За осум години ништо не им понудија на граѓаните, не можеа да решат еден проблем, ХДЗ не е способна за тоа“,

рече на тој.
Актуелниот претседател Милановиќ се осврна на изминатите изборни циклуси – и на оние на кои учествуваше и на оние што ги набљудуваше како претседател.

„Она за што луѓето одлучуваат денес, во мојата глава и во моето срце, не беше возможно пред два месеци. Случајот со поставувањето на еден пробисвет на позицијата главен обвинител во мене разбуди пркос, тага и гнев, инстинкти на голема мачка. Свесен сум дека во овој конфликт можам да ги повредам другите и себеси, но немаше избор. Време е да кажеме – ‘доста е, нема повеќе да го правите ова!’ Ви помина времето, ви помина возот“,

рече Милановиќ.
Инаку, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ги закажа парламентарните избори за 17 април годинава. Откако објави и дека ќе се кандидира за премиер, отвори дилеми дали таквиот потег е уставен.

Претседателскиот мандат на Милановиќ истекува во февруари 2025 година. Во тој контекст на вчерашната прес-конференција тој изјави: „Има времиња кога треба да се излезе од комфорната зона“. Дообјасни дека ќе поднесе оставка од претседателската функција ако победи на претстојните избори. Тоа е спорно за некои хрватски експерти по уставно право кои посочуваат дека може да се случи Милановиќ сам на себе да треба да си го додели мандатот за составување влада.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.