Нов скандал во македонските затвори. Почина затвореник неколку часа после отпуштање од болница

news
Advertisement

Почина денеска 68-годишен кочанчанец кој издржуваше затворска казна во штипскиот затвор, потврди директорот на установата Мики Тодоров.

Advertisement

Станува збор за Д.М. од Кочани. Тој вчера со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во штипската Клиничка болница каде се задржал неколку часа, додека утрово бил пуштен од болница.

Осуденикот починал веднаш штом се вратил во затворот, а за ова биле известени екипи на Итната помош кои ја констатирале смртта.

Тодоров изјави дека за смртта на осудениот е известено СПБ Штип и според сите документи што ги поседуваат за здравствената состојба на лицето не е дадена наредба за обдукција.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.