НОВ ХОРОР ВО СРБИЈА Малолетник се обидел да го убие својот пријател со нож

news
Advertisement

Малолетник од Прешево по тепачка во која учествувале пет малолетници го повредил својот другар со три убоди од нож

Advertisement

Малолетник од Прешево е уапсен и приведен за кривично дело убиство во обид, потврдија од Вишото јавно обвинителство Врање, пренесуваат српските медиуми.

Настанот се случил на 13 октомври кога малолетник од Прешево по тепачка во која учествувале пет малолетници повредил уште еден малолетник од околината на Прешево.

Уапсениот малолетник трипати со нож избодел уште еден малолетник кој бил негов пријател. Еден убод бил во пределот на градите, а два во пределот на грбот.

Иако биле констатирани полесни физички повреди, делото е оквалификувано како убиство во обид поради близина на виталните органи.

Молетник бил сослушан од судијата на Вишиот суд во Врање и му е одредена мерка притвор на предлог на јавниот обвинител.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.