СВР Тетово поднесе кривична пријава против 25-годишниот С.Д. поради сомнение за кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или расправија“.
Според пријавата, на 11-ти овој месец, осомничениот се обидел со нож да нападне четири малолетни лица. Како што се наведува, поради навремена реакција, инцидентот завршил без потешки последици.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.