Обвинение за грабнување на внукот на Љубе Бошковски: Му изнудувале пари за предходно украден хероин

news
Advertisement

Од Основното јавно обвинителство информираат дека поднеле обвинение против две лица за грабнување на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил Костадиновски, од кого веќе седум месеци нема ниту трага, ниту глас.

Advertisement

-По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едното е обвинето за кривично дело – Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1, сторено во соизвршителство, додека второто е обвинето за помагање при извршувањето на кривичното дело, соопшти Обвинителството.

Како што соопшти Јавното обвинителство на РСМ, на 3 март, на улицата „Христо Татарчев“, првообвинетиот, заедно со лицето кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, извршиле грабнување на едно лице, со закана дека ќе го лишат од живот. Намерата им била да го натераат оштетениот да плати претходно украдена наркотична дрога – хероин во количина од 4 килограми.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.