Обвинителот Пеливанов СИ ПИШУВАЛ ПОРАКИ И ДОГОВАРАЛЕ СРЕДБИ за време на СЈО (ВИДЕО)

news
Advertisement

Обвинителот Трајче Пеливанов од тимот на Ислам Абази и обвинетиот Исмет Гури кој сега е во бегство, а беше дел од ДУИ – разменувале пораки и си договарале средби, додека Пеливанов беше дел од СЈО и против него се водеше истрага за изборни нерегуларности, објави „Алфа“. Поради ова му била покрената и дисциплинска постапка, која сега е во Советот на јавни обвинители.

Advertisement

Според сознанијата на телевизијата, додека Гури бил осомничен, подоцна обвинет и осуден во предметот „Титаник 2“ на СЈО, а Пеливанов беше дел од сега згаснатото обвинителство на Катица Јанева, тој си одржувал приватни контакти со него. Неофицијално, пораките се извадени од телефонот на Гури, кога кај него беше извршен претрес откако доби статус на осомничен во предмет за даночно затајување кое пак сега го води Обвинителството за гонење организиран криминал во кое е и Пеливанов.

Индиректна потврда за комуникацијата Пеливанов-Гури е одговорот од Обвинителството за „Алфа“, пишува медиумот, во кој се вели дека имало предмет со комуникации по коj се постапувало.

„Јавниот обвинител постапувајќи по претставка, веднаш оформи предмет во кој побара за наводите да се произнесат и споменатиот јавен обвинител, и јавниот обвинител кој постапувал во конкретниот предмет, како и шефот на соодветното јавно обвинителство. Извршен е и увид во предметот на кој се однесува комуникацијата, по што во декември беше донесена одлука дека нема основ за поведување дисциплинска постапка и дека во случајот не се изнесени доверливи информации ниту е извршено влијание врз текот на овој или кој било друг предмет“ велат од ОЈО.

ИЗВОР. https://vecer.mk/makedonija/obvinitelot-pelivanov-si-pishuval-poraki-i-dogovarale-sredbi-3ca7bebf-e0d6-475c-9475-f9916c74ed49?fbclid=IwAR3_qveVa2RxKMiKVgOMs6LrNhhXJOhI8c_wfNqqSV7TskASPcM30BSMWEw

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.