Обраќањето на Путин одложено за утре, британски генерал вели дека во Кремљ владее хаос

news
Advertisement

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва требаше да ѝ се обрати на нацијата, првпат од почетокот на инвазијата на Украина. Светските медиуми прогнозираа дека станува збор за сериозна тема, штом тој се решил на овој чекор. „Скај њуз“ претходно објави дека Путин би можел да зборува за референдумите во окупираните региони на Украина. Сепак, британскиот медиуми вечерва соопшти дека обраќањето на рускиот претседател е поместено за утре од засега непознати причини.

Advertisement

Путин последен пат им се обрати на Русите на 24 февруари, кога започна инвазијата на Украина, која Москва ја нарекува специјална операција.

Обраќањето на претседателот до нацијата требаше да започне во 19 часот, но од непознати причини беше одложено за утре, што предизвика различни шпекулации.

Пензионираниот британски генерал Сер Ричард Ширеф рече дека доцнењето на најавениот говор на Путин покажува дека работите се „прилично хаотични“.

„Ја видовме најавата дека ќе биде околу осум часот по московско време. Само што видовме твит од Раша Тудеј дека нема да биде во осум часот и тоа дефинитивно помина“, рече тој и додаде дека ова му покажува дека работите се хаотични.

„Конечно, важно е за меѓународната заедница, а особено за НАТО, да не смееме ниту да трепнеме, како што толку јасно кажа украинскиот министер за надворешни работи, тоа е чин на очај. Ако Русија ја закачи главата над оградата, НАТО ќе ја сруши“, рече тој.

Мобилизацијата во Русија се споменува како една од темите за кои Путин би можел да зборува вечерва.

„Дали мислите дека ни треба?“, праша претседателката на Советот на Руската Федерација, Валентина Матвиенко, за да избегне да одговори на новинарското прашање.

Францускиот претседател Емануел Макрон во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации ги осуди најавите за референдум во окупираните украински региони и ја обвини Русија дека сака да се врати во ерата на империјата и колониите.

„Од 24 февруари гледаме на враќање на ерата на империјализмот. Франција го отфрла тоа“, рече Макрон, додавајќи дека Русија сака да наметне нов поредок во кој силните ги угнетуваат слабите.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави претходно денеска дека верува оти Владимир Путин бара начин да стави крај на војната што ја започна во Украина и дека ќе бидат преземени „значајни чекори“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.