Објавена причината за тешката сообраќајна несреќа во Грција – тројца загинати и 42 повредени

news
Advertisement

Тешката сообраќајна несреќа во Грција, во која загинаа три лица, се случила кога возачот на автомобил со грчки таблички заспал и удрил во автобус со српски туристи, изјавил претседателот на YUTA, Александар Сеничиќ.

Advertisement

Како што рекол Сеничиќ, по судирот, возачот на автобусот успеал да избегне столб покрај коловозот и се превртел. При превртувањето дошло до судир со друг автомобил.

Трите жртви биле во автомобилот кој прв удрил во автобусот, потврди Сеничиќ за грчките медиуми.

Во тешка сообраќајка на патот Атина – Солун, повредени се 42 лица.

На местото на настанот веднаш пристигнале полицајци и 18 пожарникари со 6 возила.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.