За време на најголемиот христијански празник – предвесник на Христовото раѓање, Бадник една мајка во Битола роди тројка – две братчиња и сестричка. Тие се родени во Болницата Плодност, од каде информираа за оваа убава вест. „Со голема храброст и љубов, мајката на свет донесе три мали ангели, на ден кој симболизира љубов, семејство и заедништво. Таа е во одлична здравствена состојба, пресреќна и благодарна што на свет донесе ваков благослов. Со методите на асистирана хумана репродукција (АРТ), пациентката имаше успешно изведена инсеминација – која помогна во остварувањето на овој прекрасен момент. „Со методите на хумана асистирана репродукција го зголемуваме наталитетот,“ вели прим. д-р Таше Трпчевски. Денес сме сведоци на едно од најубавите чуда што медицината и животот можат да ги подарaт. Нека празничната магија продолжи во нивниот дом!“, велат од болницата.

ОБЈАВЕНА ФОТОГРАФИЈА: Мајка роди тројка на Бадник во Македонија (ФОТО)
Advertisement
Advertisement
Advertisement