Објавен новиот ценовник: Поскапува огревното дрво

news
Advertisement

Управниот одбор на ЈП „Национални шуми“ го објави новиот ценовник за купување огревно дрво, откако Владата го прифати на минатонеделната седница.

Advertisement

Цените се зголемени за 20 отсто во однос на претходните кои не беа променети од 2009.

Цената на најскапото и најквалитетно дрво – дабот, се зголемува од 2.900 денари на 3.564 денари по кубен метар. Буката сега чини 3.444 денари, јаворот е 3.204, тополата е 3.084 денари по кубик.

Одлуката следува откако месецов Владата се реши за определување највисоката трговска маржа на 10 отсто како посебен услов во трговијата за: огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев. Истовремено, се забрани и извозот на овие производи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.