Ова е детето кое почина во најголеми маки: Две недели бил сам дома, полицајците плачеле од тоа што го виделе

news
Advertisement

Двегодишното момче Бронсон Батерсби почина во Велика Британија откако две недели било само дома со својот мртов татко.

Advertisement

Таткото на Бронсон, 60-годишниот Кенет, починал од срцев удар на 26 декември, а во куќата живееле само двајцата.

Момчето било оставено на себе бидејќи две недели не го посетувале ниту членови на семејството, ниту луѓе од соседството, по што на вратата дошол загрижен пријател за да провери што се случува.

За малку ќе се онесвестел од тоа што го затекнал, а локалната полиција имала слична реакција, службениците плачеле од тоа што го виделе.

Малиот Бронсон починал лежејќи на подот пред нозете на својот мртов татко, пишува британски „Сан“.

Бронсон Батерсби беше син на Сара Пис и Кенет Батерсби. Го опишуваат како омилено момче во соседството кое никогаш не ја симнувало насмевката од лицето.

„Сакаше цртани филмови и секогаш беше насмеан. Не можам да си простам што не дојдов пред вратата за да ги проверам Кенет и него порано. Беше среќно момче кое постојано правеше врева низ куќата”, раскажува семеен пријател.

Со оглед на тоа што Кенет Батерсби од социјалните служби бил карактеризиран како татко со проблематично здравје, вработени од оваа институција редовно го посетувале ова семејство, еднаш неделно.

Но, судбината решила така, нивната смрт се случи токму за време на божиќните и новогодишните празници, кога две недели никој од социјалните служби не ги посетува граѓаните, коментираат роднини на починатите.

Бронсон Батерсби починал поради неможноста сам да се храни и да пие вода.

„Кенет имаше проблеми со срцето, но ништо не укажуваше на срцев удар. Го обожаваше својот син. Го доби доцна, а потоа сопругата ги остави. Тие си беа сè еден на друг. Сега повторно се заедно некаде горе”, велат роднините.

Мајката на Бронсон, Сара Пис, која го загуби правото на старателство по разводот со Кенет, ги обвини социјалните служби за смртта на момчето, иако не ни помислила да му се јави на поранешниот сопруг и да му посака Божиќ и Нова Година на момчето за време на празниците.

„Социјалната служба да ја завршеше својата работа, мојот син уште ќе беше жив“, накратко рекла жената.

Велика Британија беше потресена од приказната до тој степен што беше одлучено социјалните служби да бидат многу поактивно вклучени во животот на семејствата со мали деца, а исто така да бидат активни секојдневно за време на празниците.

ИЗВОР. https://mastilo.mk/2024/01/17/ova-e-edeteto-koe-pocina-vo-najgolemi-maki-dve-nedeli-bil-sam-doma/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=ova-e-edeteto-koe-pocina-vo-najgolemi-maki-dve-nedeli-bil-sam-doma

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.