Арсовска нуди „Нова Алтернатива“: Лек за ракот на македонското општество и вистински патриотизам!

news
Advertisement

Почитувани,

Advertisement

Пред сѐ сакам да ви се заблагодарам на сите делегати, на сите претседатели на комитетите, на сите претставници кои се тука присутни и на претседателството коешто ми ја укажа таа чест од коешто ја добив поканата и ја добив поддршката за да биде возможен денешниот ден.

Уште еднаш почитувани делегати, почитувани претставници на политичките партии, ваши екселенции, почитувани медиуми, присутни и пријатели.

Особена чест и задоволство ми е што сум вечерва тука меѓу вас, чесни, храбри и слободоумни луѓе. Горда сум на тоа што во Македонија има луѓе кои се со цврсти ставови, луѓе со интегритет, оние кои ја знаат разликата меѓу добро и лошо и одбиваат да бидат измамени.

Од друга страна разочарувачки е што по три децении независност и три генерации политичари, Македонија е истата земја во којашто просперитетот е само збор во политичка кампања.

Македонија е земја во којашто половина милион наши сограѓани живеат под прагот на сиромаштијата, земја во којашто царува криминалот, корупцијата, непотизмот.

Затоа, исклучително горда сум што не припаѓам на овој деформиран и ретрограден, корумпиран политички естаблишмент и горда сум што можам да кажам дека припаѓам на генерација којашто е од една страна сведок на сите неправди, а од друга страна што знаеме како да ги исправиме истите.

Стојам пред вас тука луѓе кои сте чесни, со идеја, начин и желба да ја направиме Македонија наш дом кој ќе биде одраз на слобода, просперитет и правда. Стојам пред вас со нашата Нова Алтернатива.

Време е политиката да биде натпревар на идеи, натпревар на проекти, да биде натпревар на методи и понуда на подобар живот наспроти досегашното поимање на истата како начин на стекнување на привилегии и брзо збогатување. Политиката не смее да биде извор на раздор, на поделби, таа треба да биде точка на зближување и мост за надминување на сите проблеми преку дијалог.

Додека го разединуваа и го раскаруваа нашиот народ, политичарите живеат во благосостојба, договорени за спас од одговорност и амнестија на корупцијата и кирминалот. Затоа, сметам дека е доволно од ова лицемерие, треба сите заедно со една нова идеја, со правда, за Македонија да се обединиме и да ја одбереме Новата алтернатива. Сите заедно без разлика на политичката, верската или било каква определба, да се избориме за ендакви можности, за просперитет и тоа да не биде само во политичка кампања и само на хартија. Заедно треба да бараме правна драва во којашто секој ќе биде еднаков пред законите, Македонија да биде држава во која секој ќе биде на страната на нас граѓаните, Македонија во која ќе владее ред и поредок, да биде правна држава во која ќе владее правото, а не криминалниот ум на квазипатриотите.

Ова се нашите основни постулати:

Правда! Вековниот стремеж на Македонецот за своја сопствена држава, впрочем е и вековен стремеж за правда, затоа што државата е таа која треба да им гарантира праведност, правичност и еднаквост на сите наши граѓани пред Законот. За жал, македонските политички елити во изминатите 33 години независна македонска држава, не успеаја да го остварат вековниот стремеж на Македонецот за правда. Не дека не можеа, јас повеќе би рекла дека не сакаа. Оттука довербата неслучајно во македонскиот правосуден систем е на рекордно најниски 3%. Речиси и да нема истражување на јавното мислење во кое како најголем предизвик во земјава не се посочува токму недостатокот на правдата и правичноста. Прва наша задача е целосна реевалуација на правосудниот систем, од начинот на избирање на судиите, јавните обвинители, нивната работа, транспарнтност и отчетност. Истото треба да биде преку непосредни избори и тоа за сите до највиоските правосудни инстанци. Со непосредни избори граѓаните ќе имаат целосен увид во биографиите на кандидатите и да го ценат нивниот интегритет и нивниот кредибилитет. Единствено на овој начин ќе постигнеме целосна независност, целосна автономија и се она што е важно за нас граѓаните, да имаме луѓе кои ќе одлучуваат без политички или било какви други притисоци.

Само така ќе успееме да го ослобдиме правосудниот систем од партиските стеги.

Вториот постулат е ослободување на економијата од стегите на крупниот капитал, воведување на еднакви можности.

Во изминатите 33 години Македонија мина низ транзиција и се трансформира во едно квазикапиталистичко општество коешто доведе до екстремно богатење на мала група на моќници и осиромашување на 90% од македонското население. Затоа, оваа точка од нашата визија е зголемување на економските слободи и целосна дерегулација, но и силна антимонополска политика. Доволно државата се користеше како промотор и како заштитник на картелите на македонската олигархија. Се поставуваат бариери намладите, на оние кои се просперитетни претприемачи кои можат да го остварат својот потенцијал. Втората точка е политика на рамни даноци кои ќе значат привлекување на странски инвестиции во државата но исто така и помали давачки за нашите успешни претприемачи.

Третата е кратење на бирократските процедути и на онаа папирологија која навистина е оптоварување на работата на приватниот сектор, затоа што токму бирократијата е пречка за многумина да се охрабрат и да преземат иницијативи за нешто ново, а не е нивното незнаење или пак немање искуство.

Третиот постулат е борбата со корупцијата и криминалот.

Го имаме лекот за ракот на македонското општество кое од денот на независноста континуирано е проблем поради алчноста на една мала група на луѓе кои државата ја гледаат како бескраен извор на личен профит. Во Македонија никој не презема сериозни чекори за да се донесе Законот за потекло на имот. Три децении, три генерации на политичари ветуваат дека ќе се справат со корупцијата и криминалот и овие ветувања траат само во кампања. Потоа, си паѓа договор за меѓусебна амнестија и се заборава на она што било ветено во предизборието.

Затоа, актуелниот естаблишмент и овој корумпиран политички систем се плашат од нова визија врз којашто немаат контрола, а исто така со истата не можат да направат договор за амнестија од криминалот.

Потребно е забрзување на правните процедути преку интервенција во Кривичниот законик што ќе спречи било каков обид на застарување на овие случаи за криминал и корупција и организирано она што се случува во државата, а тоа е колективна пљачка.

Четвртиот постулат на Нова Алтернатива е целосна дигитализација на јавната администрација.

Користењето на новите технологии ќе дестимулира криминал и корупција и ќе го минимизира влијанието на човечкиот фактор во сите постапки. Тоа е токму она коешто за сите граѓани е навистина неопходно.

Последниот постулат инкорпорира неколку идеи во една, а тоа е спречување на иселување на нашите граѓани во државата со особен фокус на младите, заштита на македонскиот идентитет и членство во Европската унија.

Сите овие претходни постулати ја приближуваат државата кон целосно интегрирање во најголемиот економски сојуз во светот, а тоа е ЕУ и спречување на иселувањето од државата што е еден од најсериозните предизвици за губењето на македонскиот идентитет и суштината на тоа да се биде Македонец.

Патриотизмот во Македонија со години се злоупотребува од луѓе коишто ниту ја сакаат својата држава, ниту работат за неа. Го злоупотребуваат овој збор со години само за да добијат глас повеќе создавајќи конфликт во државата и немир меѓу граѓаните. Секој од нас заслужува да има опција на гласачкото ливче која ќе му го промени животот на подобро. Затоа, сите ние тука нудиме Нова Алтернатива, нудиме алтернатива со идеи кои се применливи, а ние сите знаеме, имаме волја и храброст истите да ги спроведеме.

Ви благодарам многу, на сите нека ни е честит овој ден и ви благодарам многу на довербата, пишува Данела Арсовска.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.