Одбраната на таткото на Вања ќе поднесе жалба за притворот

news
Advertisement

Адвокатот на таткото на убиената Вања Ѓорчевска утре до Апелацииониот суд во Скопје ќе поднесе жалба за притворот на Александар Ѓорчевски бидејќи тој се уште не е повикан на распит.

Advertisement

Освен жалба за притворот, бранителот ќе бара и инфорамции како снимките, на кои се слуша гласот на Александар Ѓорчевски, стигнале во рацете на контроверзниот српски политичар Срѓан Ного.

– Како бранител, до овој момент бев доволно трпелив и имав разбирање. Неколку пати го контактирав Јавниот обвинител, меѓутоа до овој момент не добив одговор, ниту покана мојот клиент да даде исказ и да бидеме повикани во просториите на ОЈО да се запознаеме со доказите поради кои има основано сомнение за негова инволвираност. Јас сум лично изненаден од објавувањето на тие материјали. Истражните органи ќе треба да дадат одговор како и на кој начин се креирани материјалите и како дошле до лицето кое ги објавува. Во оваа прилика, јас можам да ја потврдам автентичноста на оној аудио запис каде што се слуша гласот на таткото, а надлежните истражни органи ќе треба да дадат одговор кој го креирал овој аудио материјал и како овој материјал е дојден до лицето кое ги објавува – вели Владимир Туфегџиќ за Телевизија 24.

Од Обвинителството пак велат дека Ѓорчевски веќе дал исказ.

– Истражната постапка е во тек. Јавниот обвинител ги спроведува истражните дејствија онака како што налагаат доказите и потребите на постапката. Лицето за кое покажувате интерес даде свој исказ уште на почетокот на постапката. За разлика од останатите осомничени, тој ја негираше неговата инволвираност и какви било сознанија за настанот. Што се однесува до објавените снимки, јавното обвинителство веќе апелираше лицата кои објавуваат вакви снимки да размислат за етичноста на објавите и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите. – велат од Основното јавно обвинителство Скопје.

Срѓан Ного објавува фотографии и аудио и видео записи на неговите социјални мрежи за овој случај.

ИЗВОР. https://www.expres.mk/odbranata-na-tatkoto-na-vanja-kje-podnese-zhalba-za-pritvorot/?fbclid=IwAR1PemIcELY9mU9JjjEt3Yrqvk8dRyJp-UOSalcmVTKyg8o22R2geC0p0-U

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.