ФОТО Еден работник почина, а вториот се бори за живот, откако се затруле во свињарска фарма во светниколско Амзабегово

news
Advertisement

Во фарма во светниколксото село Амзабегово две лица се затруле, едното починало на лице место,а второто било пренесено во комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Според првичните информации работниците се затруле од хемиска материја.

Advertisement

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека го потврдуваат случајот, а во моментов во свињарската фарма на увид се екипи од ОВР-Свети Николе, јавен обвинител, како и трудов и санитарен инспектор.

-Настанот во СВР-Штип е пријавен во 11.01 часот, а се случил околу 10.30 часот. На лице место починал работникот О.Т роден 1978 година, а второто лице, односно работник С.Ј роден 1971 година е пренесен во комплекс Клиники во Мајка Тереза во Скопје, вели Панајотова.

Таа посочува дека телото на починатиот работник ќе биде предадено на обдукција, повеќе информации за оваа трагедија во свињарската фарма во село Амзабегово во Свети Николе се очекуваат во текот на утрешниот ден.

ИЗВОР. https://4news.mk/zatruen-rabotnik-vo-svinarska-farma-vo-svetinikolsko-drug-se-bori-za-zhivot/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.