Одел по ресторани, јадел, па глумел дека има срцев удар за да не ги плати сметките

news
Advertisement

Педесет годишен маж се досетил како добро да се храни во рестораните, а да не плаќа. Но, таа „досетка“ скапо го чинеше.

Advertisement

Тој лажирал инфаркт во повеќе од 20 ресторани за да избегне плаќање на сметката откако уживал во храната. Едно работа е да се жалите на влакно во вашиот оброк, а сосема друго е да се преправате дека ви треба сериозна медицинска помош само за да не посегнете по паричникот.

Човек по име Аидас, кој по потекло е од Литванија, решил да ја примени оваа тактика во бројни ресторани во Шпанија, каде што во моментот живее. Вработените во ресторанот забележале дека по секој негов оброк следувал драматичен чин во кој Аидас паѓал на подот.

Еден сопственик на ресторан изјавил дека Аидас не бил срамежлив кога требало да ја диктира нарачката, а освен тоа, уживал во неколку чаши виски „Вајт лебел“ и во руска салата, пред да заврши на подот поради „срцев удар“. Неговите сметки изнесувале по 15, 30, па и 70 евра.

Во разговорот за „Сан“, менаџерот на ресторанот Ел Буен Комер го опишал неговиот чин како „многу театрален“.

Одглуми дека се онесвестил и се струполи на подот – рекол тој.

Водителот успеал да добие слика од Аидас како го изведува својот рутински перформанс и ја испратил до другите ресторани во околината за да „се обиде да го спречи во неговиот следен обид“.

„Сите бевме предупредени да внимаваме и ништо да не му сервираме, со неговата фотографија“, открила вработена во ресторанот.

– Легна на подот, се однесуваше како да го болат градите и почна да се тресе – рекол друг вработен во ресторанот.

Аидас отишол толку далеку што добил лекарска помош, за подоцна да се обиде повторно да го направи истото во истиот ресторан.

– Кога се обиде по вторпат, му рековме да не го прави тоа повеќе – велат од ресторанот.

Како што пишува „Касо Абиерто“, Аидас цели два месеца лажирал срцев удар, при што не платил ниту евро за тоа што го нарачувал. Малку по малку, собрал дури 20 апсења, но секој пат по кратко време бил ослободен, бидејќи неговите злосторства се сметале за „ситни“, со оглед на тоа што на секој ресторан му должеше само мал износ на пари. Меѓутоа, откако се собрале сите негови инциденти, Аидас на рестораните им должел 766 евра.

Дури кога му била изречена повисока казна и му порачале дека ќе заврши зад решетки затоа што не платил две парични казни за своите злосторства, на неговите подмолни потфати им дошол крајот.

Така Аидас е осуден на најмалку 22 дена затвор.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.