Одземање на сите лиценци и имотот на ЕВН, бара Стопанската комора за енергетика

news
Advertisement

Стопанската комора за енергетика на Македонија најавува организирање на иницијатива за одземање на сите лиценци на ЕВН и на целокупниот имот на оваа компанија. Во среда оваа комора ќе одржи вонредно Собрание на кое иницијативата ќе биде единствената точка во дневниот ред.

Advertisement

Во среда Стопанската комора за енергетика на Македонија во среда ќе одржи вонредно собрание со единствена точка „Покренување на иницијатива и почеток на собирање на потписи на граѓани и компании“ за одземање на сите лиценци на ЕФВН во Македонија.

Од оваа комора велат дека покрај лиценците се бара и национализирање и враќање во електро дистрибутивната мрежа во државна сопственост; одземање на цел имот на ЕВН ( хидроцентрали, објекти, згради и останато ) и враќање во државна сопственост; враќање на нелегално стекнати финансиски средства, како и парични казни за направените штети на граѓаните и компаниите во државата.

Покрај ова, со иницијкативата се бара и утврдување и покренување на кривични постапки „против сите лица инволвирани во нелегално стекнати имоти и финансиски средства на ЕВН и нејзините подружници“.

„По донесените заклучоци од седницата на собранието, ќе се отпочне на правен и легален начин собирање на потписи кои сметаме дека ќе ја надминеме потребната бројка од 10.000 потписи и веруваме дека за овој државен проблем треба да се потпишат сите граѓани“, велат од Стопанската комора за енергетика на Македонија

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.