Актерката Маја Андоновска Илијевски, позната по своите бројни театарски улоги во Битолскиот народен театар, моментално ужива на заслужен летен одмор заедно со сопругот Ице и синот Никола. По напорната сезона на сцена, Маја одлучи да се посвети на семејството и на релаксација покрај море.
Како вистинска битолчанка – а е познато дека битолчанки важат за модерни, стилски и дотерани жени – Маја и на плажа покажува истенчен вкус и модна смелост. За овој летен одмор избрала неколку пара костими за капење во најразлични бои, совршено усогласени со нејзиниот дух и ведрина.
Публиката ја памети по нејзината енергија и посветеност на театарската сцена, но овој пат таа привлекува внимание со својата одлична фит фигура и спортски дух. Маја одморот не го користи само за сончање – активно ужива во водните спортови, а нејзина омилена активност е сурфањето со суб даска.
Со широка насмевка, Маја покажува дека балансирањето меѓу професионалниот и приватниот живот е можно – со љубов, енергија и малку летна авантура.
Фото: Инстаграм
РЖМ – Г.Д.Г