ОД ВТОРНИК МОЖНИ НОВИ БЛОКАДИ – град Скопје повторно не ги плаќа приватните автобуси

news
Advertisement

Приватните превозници ќе чекаат до вторник да бидат одобрени средства на седница на Град Скопје за да им бидат исплатени заостанатите средства.

Advertisement

Од одлуката во вторник ќе зависи дали ќе продолжат со работа или повторно ќе излезат на улица да протестираат.

Според информации на Телма им било ветено дека советниците ќе ги изгласаат субвенциите за ЈСП со кои би се покрил и долгот кон приватните превозници.

Приватните превозници пред околу половина година почнаа повторно да сообраќаат и да ги опслужуваат граѓаните откако се договорија со Арсовска да им ги исплати средствата кои ЈСП им ги должел претходните години и им вети дека ќе им даде субвенции со кои ќе треба да го обноват возниот парк. Тие субвенции до сега не ги добија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.