ОД СЕЛО САРАЈ ДО ЧЕНТО Од задутре нова автобуска линија „2Б“

news
Advertisement

ЈСП Скопје соопшти дека од понеделник (5 септември) ќе почне да функционира новата пробна линија „2Б” на релација село Сарај до населба Ченто и обратно. Почетна/крајна станица на „2Б” во село Сарај ќе биде на почетно/крајната станица на „2″.

Advertisement

Трасата на „2Б” ќе биде идентична со трасата на „2″ од Сарај до постојката Алкалоид во Автокоманда, потоа ќе продолжи по булевар Александар Македонски, па улица М.А.Ченто до населба Ченто (почетно-крајна станица на линиите 23 и 45).

По посочената траса ќе сообраќа и во обратна насока (Ченто – Сарај). Линијата „2Б” ќе функционира од понеделник до петок. Возен ред: Од Сарај: 07.07 ч, 9.18 ч, 11.28 ч, 13.31 ч, 15.49 ч и 17.55 ч., а од Ченто: 06 ч, 8.10 ч, 10.20 ч, 12.30 ч, 14.40 ч и 16.50 ч.

Со воведувањето на линијата „2Б” ќе се исполни повеќегодишното барање на локалното население од Ченто со цел подобра и директна побрзаност на населбата со јавен превоз со останатите делови од градот, информираат од ЈСП Скопје.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.