Од ЈСП велат никого не избркале од работа, туку расчистува со партиските вработувања

news
Advertisement

Низ медиумите денес проструи информацијата дека без работа остануваат 27 лица од ЈСП – Скопје што се ангажирани на определено време, затоа што не им се продолжени договорите.

Advertisement

Од Jавното сообраќајно претпријатие Скопје излегоа со демант, односно со информација дека никој не е избркан од работа, туку дека расчистуваат со партиските вработувања и превработеноста која создавала сериозен товар на месечно ниво на буџетот на ова јавно претпријатие, па на овие лица не им се продолжени договорите.

Со години различни градски администрации на претпријатието се однесувале кон ЈСП како кон приватен бизнис од кој на секој можен начин се обидувале да извлечат лична корист со цел полнење на своите џебови на грбот на скопјани, информираат од претпријатието.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.